Малкумина знаат како манекенката која пред некоја година беше прогласена за најубавата жена на светот, изгледала пред пластичните операции кои ги направила на себеси.
На Инстаграм се почести се профилите кои поставуваат слики од познатите личности пред и после пластичните опарации, а токму на еден таков профил се појави и фотографија од познатата манекенка Бела Хадид.
Иако манекенката повеќе пати демантираше дека посетувала хирург и дека операциите всушност се заслужни за нејзиниот изглед, овие фотографии говорат поинаку.
Инаку, Хадид пред само неколку години беше прогласена за најубавата жена во светот, така што пропорциите на нејзиното лице се вклопуваа со 91,35% со „златните црти“, поточно размерите кои ја претставуваат совршената убавина, а тогаш хирургот Џулијан Де Силва ја изработи листата и Бела Хадид ја постави на првото место.