Хрватска на последниот натпревар ја победи Шкотска со 3:1 и успеа да се пласира во осминафиналето на Европското првенство.

Хрватите потешко од очекувањата успеаја да ја минат групната фаза, но за нив сега е најважно што успеаја да ја остварат првата цел и да го изберат пласманот во нокаут фазата на ова натпреварување.

Пред овој натпревар имаше голем притисок врз хрватскиот тим, а многумина жестоко го критикуваа Далиќ и играчите по слабите изданија против Англија и Чешка.

Против Шкотска, Ватрени блескаа и на крилата на Лука Модриќ успеаја да дојдат до победа со која ги донесе на втората позиција во оваа група.

После натпреварот, многумина и честитаа на Хрватска на победата преку социјалните мрежи, но Нивес Целзијус отиде чекор подалеку и повторно се најде во центарот на вниманието со провокативна фотографија.

Уште пред натпреварот таа објави провокативна фотографија на која го бодри хрватскиот тим, а се огласи и по натпреварот.

Нивес објави фотографија на која е во костим за капење во боите на хрватската репрезентација.

Нивес е позната и по тоа што е беше во брак со поранешниот хрватски фудбалер Дино Дрпиќ, со кого има две деца.

Сепак, нивниот брак не траеше долго и тие се разведоа во 2014 година, но останаа во пријателски односи поради нивните деца.

После тоа, Нивес се сврте кон кариера како актерка и пејачка, а во последно време заработуваше од спонзорските објави на својот Инстаграм, на кој има над 400.000 следбеници.