Носејќи ракавици направени од рециклирани материјали и зимска јакна, американскиот сенатор Берни Сандерс со „обична облека“ се појави на инаугурацијата на 46. претседател на САД, Џо Бајден, создавајќи вибрации – што само тој може да ги генерира, пренесе АП за виралната фотографија.
Многу луѓе брзо го овековечија изразот на лицето, но пред се, ракавиците на 79-годишниот независен сенатор во Вермонт и непречно се шегуваат со т.н. мемиња од тој конкретен момент инаугурацијата на Џо Бајден и Камала Харис во средата, за кои тој рече дека повеќе служат за да се загрее, отколку „да бидат мода“. Се започна откако оваа фотографија започна да се споделува, а потоа корисниците на социјалните мрежи почнаа да го фотошопираат Берни на различни локации.
![](https://zoom.mk/wp-content/uploads/2021/01/profimedia-0584882298.jpg)
Со суптилен „фотобомбинг“ и официјалните профили на Град Скопје се придружија на фотошопирање на Берни, во овој случај на скопските клупи, а оваа шега наиде на голема интеракција во секциите за коментари под објавите.
Сенаторот се „појави“ на две фотки.
![](https://zoom.mk/wp-content/uploads/2021/01/141044718_3811898042189713_1326380876815254765_n.jpg)
![](https://zoom.mk/wp-content/uploads/2021/01/141101529_3811899105522940_2464988272993277003_n.jpg)
Според она што може да се прочита досега под објавите, скопјани слатко се насмевнаа откако неочекувано го забележаа сенаторот на клупите низ главниот град.
Погледнете:
250те локациите на кои се поставени новите клупи беа внимателно одбрани како места кои на Скопјани ќе им понудат длабоки сенки под градските дрвореди, а самите клупи се изработени да понудат совршена комоција за граѓаните. #ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна pic.twitter.com/zRi3h1YLyU
— Град Скопје (@CityofSkopje) January 22, 2021