Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов се онесвести за време на денешната прес конференција на Христијан Мицкоски по средбата со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, кои добија мандат на последните избори. Веднаш неговите сопартијци се обидоа да помогнат, пресот беше прекинат, а подоцна Мицкоски објави фотографија со него на ФБ порачувајќи дека се е во ред и дека ова се случило од замор поради интензивниот период и кампањата во изборите.