Грчките пожарникари втор ден по ред се борат со големиот шумски пожар во регионот на Коринт, западно од Атина, а синоќа беа евакуирани неколку други населени места. Шефот за цивилна заштита, Никос Хардалиас, денес изјави дека изгореле повеќе од 4.000 хектари планински терен, кој претежно бил под шума.
Уништени се десетици викендички и неколку домови на постојани жители, објави АП.
Пожарот, кој избувна недалеку од селото Скинос, се шири под влијание на ветерот што го донесе чадот и до Атина.
Sky over Athens turns orange as forest fire sends huge pall of smoke and ash across Greek capital// LIVE YOUR MYTH IN GREECE pic.twitter.com/P4k7Mt8vIZ
— Manolis George Vardis (@manolisvardis) May 21, 2021
Повеќе од 300 пожарникари, теренски екипи, припадници на армијата и волонтери се борат со огнот, а во акцијата учествуваат и 21 противпожарни авиони и хеликоптери.
Last night fire spread in Schinos and surrounding mountains#Σχινο_Κορινθιας#Σχινος #Greece pic.twitter.com/sd6pIs2BX5
— Christina Themelis (@tinathemelis) May 20, 2021
Хардалиас рече дека пожарникарите и покрај тешките околности, успеале да спречат пожарот да стигне до градот Мегара на истокот.