Стотици граѓани се собраа пред полициската станица, во близина на железничката станица во северниот дел на Брисел, во знак на протест против смртта на еден млад човек (23) од африканско потекло, Ибрахим Барија, јави агенцијата Анадолија.

Демонстрантите во Брисел, главниот град на Белгија, го запалиле влезот на една полициска станица и  полициско возило, а демонстрантите фрлале камења кон полициската станица, на што припадниците на безбедносните сили одговориле со употреба на воден топ.

– Advertisement –

За време на немирите биле искршени прозорците на повеќе полициски автомобили, а демонстрантите оштетиле и повеќе банкомати и продавници на околните улици.

Со камења било погодено и возилото на белгискиот крал Филип, кој случајно поминувал низ регионот. Засега не е познато дали кралот бил во возилото во тој момент.

Полицијата го уапсила Ибрахим Барија со образложение дека не се придржувал до мерките против вирусот корона. Тој снимил видео со полицијата на неговиот мобилен телефон, а потоа избегал. Набрзо бил уапсен и однесен во полициската станица. Еден час подоцна изгубил свест и починал во болницата каде што бил пренесен, па обвинителството започна истрага за смртта на младиот човек.

Прикажи повеќе