Дали се сеќавате на Били Зејн? Многумина засекогаш ќе го паметат како Каледон Хокли, главниот негативец на филмот „Титаник“, кој се вери со главниот лик Роуз.
Иако по филмот Зејн не успеа да направи голема холивудска кариера, како неговите колеги Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет, тој се свртел кон независни продукции, театар и снимал свои дела.
Овој актер со грчко потекло изгледа подобро од кога било. Денес е многу активен на социјалните мрежи, каде често објавува свои фотографии. И покрај фактот дека не обрнувал премногу внимание на неговиот физички изглед, многумина коментираат дека денес изгледа дури и подобро отколку пред 20 години.
Били Зејн неодамна го сними филмот „Валцер со Брандо“, во кој го игра познатиот Марлон Брандо, и иако честопати не го гледаме ниту на големите ниту на малите екрани, Зејн постојано работи.
На актерот воопшто не му пречело што по „Титаник“, не бил ангажиран за ниту еден друг голем филм.
Во меѓувреме, се посветил и на театарот, следејќи ги стапките на неговите родители, грчки имигранти, кои секоја година го носеле во Лондон како момче за да гледа таму претстави.
Кога не е на театарската сцена, Зејн е зад камерата. Тој не ја крие својата љубов кон снимањето филмови и нагласува дека не му е грижа што не ги прави за Холивуд. Во соработка со мала продукциска куќа, снимил неколку филмови. Исто така, Зејн пронашол нова љубов – сега се занимава и со сликарство. Одржал и неколку изложби, кои биле добро прифатени од јавноста.
Во моментов има осум проекти во продукција или во фаза на снимање, продолжува да ги бира улогите што го предизвикуваат, и од време на време скока во оној од кој не може да избега – згодниот негативец кој го играше во „Титаник“.
„Сон на секој актер е да биде дел од таков прекрасен филм, тоа беше благослов, но во исто време, познато е дека во Холивуд, малку луѓе ризикуваат. Секој оди на сигурно затоа што станува збор за големи пари. Кога ќе дојдете на аудиција, знаете каков тип на актер бара продуцентот. Оттогаш станав синоним за лошо момче, негативец. Таквата ситуација на крајот ве тера да станете поиновативни, да правите независни, но и свои филмови“, изјави Зејн во една прилика.
Со неговата свршеница Кендис Нил, која ја запознал преку пријател, имаат две ќерки Jиа и Ава. Претходно, тој беше во врска со модел од Хрватска, Јасмина Хдаг, друга манекенка и актерка Кели Брук (со која беше свршен и кој славеше православни празници поради него), како и со Леонор Варела, од Чиле. Тој беше во брак со Лиза Колинс од 1989 до 1995 година.