Фудбалерката на Вест Хем, која на позајмица игра од Евертон, Алиша Леман (22) вели дека многу навивачи, мажи, на нивните мечеви во женскиот фудбал не доаѓаат поради спортот и играта, туку поради нешто друго.

-Треба да се каже вистината. Луѓето не доаѓаат на мечевите поради фудбалот. Доаѓаат за да фантазираат за се*с со нас, девојките кои играме. Ако гледаме машки фудбал, многу девојки доаѓаат на трибините, но за да навиваат за нивниот клуб, а не да фантазираат за се*кс со фудбалерите, вели таа.

Инаку, Леман е една од најпознатите фудбалерки во Англија. Таа е од Швајцарија, а отворено призна дека е во геј врска.

loading…