Новиот партнер на фудбалската репрезентација, „Пивара Скопје“, ги изненади фудбалерите пред почетотокт на Европското првенстов со тоа што изработи лименки пиво со нивните имиња.
Скопската пивара во соработка со ФФМ започна една интересна кампања, а за време на траењето на европското првенство на лименките на „Скопско“ ќе го има името на фудбалерите заедно со нивниот потпис и бројот кој го носат на дресот.
Секако, фудбалерите во хотелот ги добија лименките и заеднички наздравија за нови успеси на ЕП каде ќе се натпреваруваме во група со Украина, Австрија и Холандија.