Фризерот Крис Аплтон ја изненади јавноста, но и ријалити ѕвездата Ким Кардашијан, фотографирајќи ја во незгоден момент.
„Те сакам Ким“, напиша Крис под фотографијата на која позира со „заспаната убавица“. Имено, Ким заспала на фризерскиот стол додека тој и ја правел фризура, а Аплтон ја искористил можноста да ја објави оваа фотографија на социјалните мрежи и да се пошегува малку со ријалити ѕвездата.
Сепак, фотографијата не е толку „компромитирачка“ бидејќи Ким изгледа прекрасно и кога спие бидејќи е професионално нашминкана, иако устата и е малку отворена.
Таа реагираше на ова соопштение на нејзиниот соработник.
„Те мразам. Ме исцрпи“, беше нејзиниот коментар под фотографијата. Нејзиниот одговор насмеа многумина и им се допадна на повеќе од шест илјади луѓе, а фотографијата собра повеќе од 170 000 „лајкови“. Некои истакнаа дека Ким изгледа одлично дури и додека спие, додека други се пошегуваа со неа.