Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, кој неодамна се врати од Велика Британија каде отпатува поради погребот на неговиот дедо, принцот Филип, е забележана во јавноста за првпат по експлозивното интервју кое таа и принцот го дадоа кај Опра Винфри.

Таа е сликана на прошетка во Калифорнија, со синот Арчи во рацете, кој во месец мај ќе наполни две години, а на фотографиите може да се забележи нејзиниот труднички стомак.

Меган била лежерно облечена во фармерки, црна маица, маслинеста јакна и шпицести папучи со отворена пета.

Фотографијата веднаш го обиколи светот, а најголемо внимание привлече нејзиниот труднички стомак…