Министерот за здравство, денеска член на СДСМ, Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека се прошетал во Струмица. Таму, секако бил во партиска кампања, во поддршка на својот сопартиец Костадин Костадинов.
-Денеска ја посетив прекрасната Струмица и имав можност да поразговарам со нејзините граѓани, да прошетаме заедно на струмичкиот пазар и да го посетиме ТЦ Глобал. Струмичани се навикнати да гледаат напред, да менуваат и да подобруваат. Сигурен сум дека Коста Костадинов е на вистинскиот пат да ја продолжи успешната приказна, 15 години локално управување на СДСМ, на правилен начин, потврдувајќи го епитетот за градот – европски. Струмица е симбол на отпорот кон режимот кој владееше со земјава цели 12 години. Струмичани отсекогш го избирале Најдоброто за нивниот град и знам дека и овојпат ќе биде така – заедно ќе славиме убедлива победа во прв круг на младиот Коста Костадинов, напиша Филипче.