Фудбалската федерација на Македонија се пофали вчера на социјалните мрежи дека репрезентацијата сега ќе има брендиран автобус. За волја на вистината убаво е тоа, убаво изгледа, целиот е црвен, а со жолта боја има лого на ФФМ, на автобусот пишува и „Сега е наше време“. Заштитниот знак секако е рисот, кој исто така се најде на автобусот. Но, сепак дизајнот не е авторско дело на ФФМ. Едноставно овој рис е симнат од интернет и искористен преку оние бесплатни апликации каде секој може да симне одредено лого и да го искористи. Се поставува само прашањето дали и колку е платено за ова „идејно решение“ иако е симнато од интернет.
Веќе на социјалните мрежи врие за ова, каде има реакции дека практично логото е „украдено“ односно не е авторско дело.
Си спуштивме free vector! #FFM бруки невидени КОЛКУ ПЛАТИВТЕ ЗА АВТОРСКОТО ДЕЛО ЗА ДИЗАЈН НА ДРЕС? pic.twitter.com/LQuXwZOs2a
— Boban Alex. (@BobanAlexGFX) March 28, 2021