Ева Лонгорија се присети на својата улога во серијата „Очајни домаќинки“. Актерка ѝ оддаде почит на Габриел Солис – ликот кој го играше во познатата серија, во неодамнешната објава на социјалните мрежи.

46-годишната Лонгорија уште еднаш докажа дека годините се само бројка со фотографијата на која позира во црвен костим за капење што ја објави на својот инстаграм – профил и ги воодушеви своите следбеници ширум светот.

Лонгорија објави две фотографии. На едната таа позира во црвено бикини, а другата фотографија што ја сподели е од нејзиниот лик Габриел Солис, облечена во црвен фустан без прерамки.

Дури и 20 години подоцна, таа сè уште знае дека црвената боја е нејзината боја“, напиша Ева во описот фотографиите, алудирајќи на познатата фраза на нејзиниот лик од серијата.