Џенифер Анистон го прослави 52-от роденден, а актерката се уште ја сметаат за една од најубавите жени во Холивуд.
Фановите на славната актерка ги воодушеви фотографијата која ја објави нејзиниот фризер Крист Мек Милиан кој на овој начин и го честиташе роденденот и јавно и кажа колку многу ја сака.
На неа актерката се фотографира во огледало, а на себе има минијатурно фустанче кое го открива целото нејзино одлично оформено тело. Сликата на Инстаграм собра повеќе од 30 илјади лајкови.
„Каква фотографија“, „Зошто она е толку убава“, „Прекрасно, ова е одлична фотографија“, и пишуваа фановите.
На актерката роденденот јавно и го честиташе и поранешниот сопруг Јастин Теру, кој и напиша: „Среќен роденден Џенифер, Те сакам“, по што е очигледно дека тие иако повеќе не се заедно, сепак се во одлични односи.