Јелена Карлеуша објави фотографија со нејзиниот сопруг Душко Тошиќ на својот инстаграм – профил, по подолг временски период во кој ниту еден од нив не објави заедничка фотографија на своите профили.

Фотографијата е направена за време на вечера во Истанбул, а Јелена јавно напиша долга емотивна порака, посветена на Душко.

Instagram
Instagram

На здравје! На здравје за овој добар, искрен, недопрен човек покрај мене, татко на две ќерки кои неизмерно ги сака, за одличен спортист. На здравје за човек кој никогаш не изневерувал, понижувал или засрамил. НИКОЈ. НИКОГАШ. Човек без ниту една дамка, кој за жал трпи најстрашни напади, започна Јелена.

Заради мене. Поточно заради нивната болна омраза кон мене. Треба да напишам: Никој не може да те извалка, Душко, нема ѓубриња, лоши намери и лаги што можат да го осквернат добриот човек и неговото семејство, додаде таа.

Истата ова фотографија со посвета која беше постирана на официјалниот инстаграм профил на Јелена Карлеуша од скоро ја нема. Која е причината зошто е избришана сѐ уште немаме информација.

Да потсетиме, Денот на вљубените Душко и Јелена го помина заедно во Истанбул, а вчера, понеделник, 15 февруари, беа на заедничка вечера со нивни пријатели и со познатиот локален хирург, познат како д-р Б.