Од Стопанска Комора за Енергетика на официјалниот Фејсбук профил пишуваат дека се случила експлозија во возилото во кое бил Претседателот на Стопанската Комора, Ѓорѓи Манасков со сопатник.
Според нив, тој возел на автопатот кај обиколницата Визбегово према Скопје север.
„Брзата интервентна полиција која беше во близина и противпожарната екипа и веднаш реагираше, но НЕ успеаа да го изгаснат возилото Мерцедес С200 црна боја, кое изгоре до ,,темел,, за неполни 3 минути. Патниците се здрави и живи“, пишуваат од таму.
Од експлозијата, избувнал пожар и во бараката на ЈП „Улици и патишта“.