Дуа Липа, светски познатата пејачка со албанско потекло, вторпат по ред ќе биде на насловната страна на британскиот „Вог“.

„Ја започнувам 2021 година како вистински камелеон“, напиша пејачката и му се заблагодари на главниот уредник на „Вог“ кој вторпат ја повика да биде на насловната страна на овој престижен магазин.

Пејачката додаде дека ваквиот ангажман го смета за остварување на својот сон, како и дека е исклучително благодарна за приликата да соработува со врвни професионалци.