Поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски се повлекува од функцијата советник во Владата. Тој писмената оставка на позицијата Секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата и на стратешки проекти, ја објави на својот фејсбук профил. Писмената оставка ја испратил до премиерот Заев на 12-ти април. Повлекувањето доаѓа по неколкуте скандали кои се појавија поврзани со него во изминатите неколку денови.
-Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. За лажните вести најдобро искуство да го преточиш во научен труд е преку лично искуство. Се надевам лажните вести ќе престанат, зошто нивното негативно влијание не штети само лично. Вистинската причина за повлекувањето е наведена во самото писмо. Се поразлично од тоа е лажна вест“, напиша Рашковски на својот фејсбук профил.