Фолк ѕвездата Драгана Мирковиќ вчера, 18 јануари, го прослави својот 53-от роденден и посака да и се исполни само една посебна желба.


Драгана го прослави својот роденден во својот дом во Виена, со своите најблиски, а за оваа пригода заблеска во долг син и многу елегантен фустан.

Пејачката на својот инстаграм – профил ја покажа и роденденска торта на два ката, богато украсена е со златни детали и сјајни камчиња. Врвот на тортата ја красеа иницијалите на Драгана – Д.М. во златна боја.


Денес е мојот роденден и имам право да посакам желба. Сакам да се вратат нашите животи, децата повторно да имаат детство без маски, а луѓето да се прегрнуваат и бакнуваат, сакам … Сакам повторно да живееме! – напиша пејачката.

Во коментарите, нејзините фанови и го честитаа роденденот, а пејачката Лепа Брена имаше специјална честитка за Драгана: “Среќен роденден, драга моја, мала црна пријателка. Многу бакнежи и прегратки”.