Иако има само 23 години, Камила Морон се погрижи нејзиното име да биде запаметено. Освен што е успешна актерка и познат модел, таа е и вереница на холивудски ерген Леонардо ди Каприо.
Со нејзиниот талент, но и со нејзината неверојатна убавина, вратите на Холивуд и се отворени веќе подолго време, исто како и светот на модата, во кој дизајнерите се борат за честа таа да биде заштитно лице на нивната кампања. Сепак, за разлика од многу други убавици, Камила изгледа убаво и без „трошка“ шминка на лицето.
Поради пандемијата на коронавирусот, таа остана без поголемиот дел од својот ангажман, иако неодамна сними кампања за „Салваторе Ферагамо“, па нејзиниот инстаграм – профил е претежно преполн со фотографии од секојдневниот живот
Фотографиите открија дека Камила е убавица и без силната шминка која нормално ја носи на бројните кампањи и црвениит тепих. Полни усни, очи во облик на бадем, густи веѓи и многу пеги на носот се нејзиниот заштитен знак, исто како долгата кафеава коса.