По повод 20 годишнината од загинувањето на десетте припадници на македонските безбедносни сили, делегацијата на СДСМ во состав Марија Георгиевска, пратеничка на СДСМ, Александар Бајдевски, претседател на градска огранизација на СДСМ во Скопје и Марија Иванова, потпретседателка на СДММ, денеска оддаде почит и положи свежо цвеќе пред спомен плочата кај месноста Карпалак.

На тој трагичен ден, животот го загубија: Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердван Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски.