Пејачот Дамијано Давид и актерката Дов Камерон се приклучија на листата на славни парови кои јавно ги објавија своите свршувачки. Двојката ја потврди веста преку социјалните мрежи, споделувајќи заеднички фотографии со ненаметлива и интимна атмосфера, придружени со пораката: „Ќе биде убава година“.
Нивната свршувачка се вклопува во поширок тренд на сè почести јавни свршувачки меѓу славните личности, кои денес најчесто се комуницираат преку внимателно избрани фотографии и кратки пораки. Сè почесто се забележува поместување кон поедноставни и поавтентични објави, со акцент на рамноправноста на партнерите и личниот избор, наместо на спектакл и гламур.
Најголем број свршувачки се случуваат во таканаречената „сезона на прстени“, од крајот на ноември до февруари, кога се реализираат меѓу 37 и 47 проценти од сите годишни свршувачки. Најпопуларни датуми се Бадник, Божиќ, Нова година и Валентајн, а декември е убедливо најчестиот месец за запросувања.
Фото: ЕПА
Текстот (Фото) Дамијано Давид и Дов Камерон со романтична фотографија – уште една свршувачка што го следи трендот е превземен од МАКФАКС.























