„Најосамената куќа во светот“ се наоѓа на најоддалечениот исландски остров. Станува збор за островот Елиреј што лежи јужно од Исланд. Низ историјата овој остров бил многу малку населен, но со текот на времето останале само неколку жители кои постепено го напуштиле во 1930-тите години на минатиот век преселувајќи се на копно.

За познатата „најосамена куќа во светот“ има многу гласини, за потеклото на куќата и дали некој воопшто живее во таа куќа, во чија сопственост е истата.

Една таква гласина тврдела дека куќата припаѓала на непознат милијардер кој планирал да ја користи како безбеден дом во случај на апокалипса, пишува „LADbible“.

Instagram
Instagram

За на крај да се дознае дека ништо од тоа не е точно и дека куќата всушност воопшто не е куќа, туку е ловечки дом во сопственост на ловечкото здружение на островот Елиреј.

Далечниот остров е полн со стада на пафини, чиј лов е забранет со закон во Исланд, но многу луѓе незаконски ги ловат и покрај тоа што се загрозен вид.

Пафините се морски птици кои се хранат нуркајќи во водата. Се размножуваат во големи колонии на крајбрежните карпи на островот.

Instagram
Instagram

А и самиот остров бил заштитен со закон поради фактот што е главно место за гнездење на многу видови морски птици.

Исто така, интересен е фактот дека на островот нема електрична енергија, вода или систем за водовод. Фотографијата од „осамената куќа“ постојано кружи на Интернет, неодамна повторно беше објавена на „Reddit“ каде собра илјадници лајкови.

Instagram
Instagram

Некои корисници на „Reddit“ коментираа дека исто така е мала веројатноста дека на островот би можело да има Интернет конекција или мрежа, генерално.

Изгледа како најубавото место на светот“, коментираше еден корисник.

Додека друг шеговито одговори „додека не останеш гладен“.

Instagram
Instagram

Друг, кој се чини дека има повеќе информации за островот напиша:

Тоа всушност не е толку недостижно (иако не можете да одите таму ако не сте член на ловџискиот клуб), со траект кој поминува неколку пати на ден. Сепак, навистина е убаво и навистина изгледа толку лудо во реалноста. Вестмањар има ваков терен, можете да пешачите и да гледате стада пингвини“.