Лице со името Жаклина Пешевска, се појави на избирачки список во реонот Средец во Софија. Фотографија од списокот со подвлечено името на Пешевска објави европратеникот од редовте на ВМРО и потпретседател на партијата, Ангел Џамбаски.

Во својата facebook објава Џамбаски се обраќа кон Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, и премиерот Зоран Заев, да ја ослободат претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска, ако се разбира во случајот не се работи за совпаѓање на имињата.

„Почитуван претседателе Христијан Мицкоски, сакам да Ве прашам нешто, но одговорот мора да биде ДА. Традиционално.  Дали е возможно да ја ослободите госпоѓата Жаклина Пешевска од седницата на Собранието, за да дојде од градот Скопје во главниот град Софија, за да гласа во нејзиното избирачко место , во реонот Средец. Се разбира бидејќи е пратеник од редот на ВМРО-ДПМНЕ, таа треба да гласа за оргиналното ВМРО. Другите пратеници со бугарско државјанство, исто така можеш да ми ги испратиш. За новинарите, стручњаците и научниците, важи истото. Патните трошоци и ручекот ние ќе ги платиме. Сега ќе се јавам и на колегата Зоран Заев, за да го прашам дали ќе ги испрати пратенците од СДСМ кои гласаат кај нас во Софија, на една саботно-неделна прошетка, за да ја остварат нивната главна должност, како бугарски државјани и да гласаат во главниот град“, пишува Џамбаски во својата објава на facebook.