Американскиот актер и продуцент Шон Пен (60) беше уловен на улиците во Лос Анџелес во прилично неуредно издание, по што фановите се запрашаа дали тој се запуштил или сепак е поспан.
Имено, славниот актер бил сликан со кафе и цигара во рацете на паркингот во Брентвуд, чекајќи некој пријател.
Оскаровецот во последно време пуштил подолга коса и брада, а во оваа прилика носеше црн шушкавец и фармерки, а во моментот кога ги здогледал папараците тој веднаш се упатил во непознат правец.

„Изгледа неуредно“, „Ниту трага од шмекерот“, „Шон очигледно многу пропаднал“, се само некои од коментарите од разочараните фанови, кои се навиканти да го гледаат во претставително издание.

Дали Шон Пен решил да се одмори од селебрити изгледот за време на карантинот или пак во неговиот живот се случува нешто друго, останува да дознаеме…