Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, важи за дама со стил и вкус. Секоја нејзина облека за јавни настани е паметно испланирана, поради што ретко ја гледаме во лежерни модни парчиња.
Сепак, таа понекогаш „заборава“ на својата важна улога во општеството и се препушта на парчиња облека кои се синоним за удобност.
Неодамна беше фотографирана во Аспен, Колорадо, каде што таа и нејзиното семејство уживаа во зимскиот одмор и божиќните празници.
Фотографите ја фотографираа сред бел ден, а за таа пригода, наместо елегантни модни парчиња, таа одлучи да носи лежерна комбинација – обични фармерки и црна јакна, објави Дејли Мејл.
Иако ова е ретка можност да ја видите ќерката на американскиот претседател во лежерна гардероба, признаваме, совршено ѝ стои!
На крајот на краиштата, Иванка Трамп е една од најубавите жени во светот.
Текстот (Фото) Често ја гледаме Иванка Трамп во секси комбинации, но ова не го очекувавме е превземен од МАКФАКС.























