Вкупната вредност на накитот кој Меган Маркл го носеше на себе е околу 28.000 евра…
Меган Маркл (39) за време на интервјуто на деценијата, како што го нарекоа и пред да биде емитувано, и одаде почит на починатата принцеза Дијана и тоа со накитот кој го носеше за време на разговорот со Опра Винфри.
Станува збор за „Cartier“ нараквицата од колекцијата накит на принцезата Дијана, чија вредност се проценува на повеќе од 20.000 евра.
Неодамна токму од таа нараквица принцот Хари зема дијаманти за изработка на вереничкиот прстен со кој ја запроси Меган во 2017 година.
Голема прашина се крена и околу нејзиниот избор на фустан, а познавачите велат дека таа не го избрала фустанот случајно, туку поради цветот на лотусот, кој симболизира преродба и се смета за еластично растение, кое цвета и во предизвикувачки услови.
Meghan specifically chose a dress with a lotus flower for her interview with Oprah because of the symbolism behind the bloom. The Lotus flower symbolizes rebirth; it is a resilient plant, it flourishes in challenging conditions.https://t.co/hqRYlNkhMx
— Glen Dixon (@glenrdixon) March 6, 2021
Освен нараквицата на Дијана, Меган носеше и „Cartier“ нараквица која и ја подари принцот Хари, а чија цена е околу 6.000 евра.
Околу вратот таа го носеше своето омилено ланче со потписот на „Pippa Small“, а чија цена изнесува 1.600 евра.
New post up! “Meghan in Armani for Forthcoming Oprah Interview” – https://t.co/GRQssfRehy#whatmeghanwore #HarryandMeghanonOprah pic.twitter.com/88xdopivQq
— What Meghan Wore (@whatmegwore) March 1, 2021
Вкупната вредност на накитот кој Меган го носеше на себе изнесуваше околу 28.000 евра.
Кога станува збор за фустанот, тоа парче облека е со потписот на модната куќа Армани, а неговата цена изнесува 3,800 долари.
Да се потсетиме, Меган во интервјуто изнесе шокантни детали, а еден од нив беше и тој дека таа размислувала да се самоубие.