Фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ (47) на својот инстаграм – профил прва објави „стори“ со нејзината нова љубов – Богдан Срејовиќ (38) откако во јавноста се дозна дека се во емотивна врска.
Имено, пејачката на својот инстаграм профил повторно сподели ново „стори“ од еден ресторан каде позира со ќерката на Богдан од првиот брак, малата Искра, што Срејовиќ ја доби со сегашната девојка на Саша Ковачевиќ, Зорана.
Двете дами видно уживаа додека се снимаа за на Инстаграм и испраќаа бакнежи до фановите, а во еден момент малечката Искра ја бакна и Цеца.
Видеото со Цеца и малата Искра можете да го погледнете ТУКА.
Да потсетиме, Цеца неодамна престојуваше во Крагуевац, каде што се запозна и со таткото на Богдан, на денот кога семејството Срејовиќ имаа слава во домот.