Лепа Брена и Боба Живојиновиќ веќе извесно време уживаат во Мајами, а на Денот на вљубените им се придружија актерот Драган Бјелогрлиќ и неговата сопруга Маја.
Брена, Боба, Драган и Маја уживаат на луксузна дестинација, а празникот на љубовта решија да го прослават заедно во еден ресторан во Мајами.
Пејачката ја забележа атмосферата од ресторанот и ги објави кадровите на својот Инстаграм профил, а судејќи според она што може да се види на снимките, тие одлично се забавуваат.
Додека Драган и Боба разговараат и се релаксираат со пијалак, покрај пејачката, кој снима сè, седи убавата сопруга на Бјелогрлиќ. Тие се во друштво на повеќе луѓе, притоа уживаат во добра музика, вкусна храна и пијалаци.
Инаку, Драган и Маја Бјелогрлиќ дошле во Мајами да прослават 25 години брак, додека одморот подоцна ќе го продолжат во Мексико.