Поранешната манекенка и поранешен ангел на „Викторија сикрет“, Алесандра Амбросио, продолжува да воодушевува со своето извајано тело, а нејзините нови фотографии се вистинско задоволство и гозба за очите на нејзините обожаватели.
Славната Бразилка, која се пензионираше од светот на манекенството на 40-годишна возраст, објави неколку црно-бели фотографии на кои позира покрај базенот речиси гола, откако го соблече горниот дел од костимот за капење и ги покри голите гради со рацете. Таа ја покажа својата витка, тонирана фигура и извајано тело, а на 45-годишна возраст успеа да воодушеви којзнае колку пати.
На една од фотографиите, таа се пофали и со својот совршен задник, а додека позираше како на модна писта на која професионално чекорела 25 години и на која се истакнала, носеше интересни црно-бели апостолки со потпетици кои веднаш го привлекоа вниманието на жените.
Познатиот бразилски супермодел има две деца и моментално е во врска со Бак Палмер, кој самиот е поранешен модел, па затоа се нарекуваат новиот „ит“ пар, а денес тој е дизајнер на накит. Тие ја потврдија својата врска кон крајот на 2024 година, иако пред тоа беа видени заедно во јавноста неколку пати.
фото: принтскрин
Текстот (Фото) Бразилката продолжува да плени со совршениот изглед: најновите провокативни фотографии го потврдија тоа уште еднаш е превземен од МАКФАКС.























