Бугарскиот дневен портал Actualno.com објави документи од кои станува јасно дека познатиот новинар од дневниот весник „Нова Македонија“, Далибор Станковиќ, поднел молба за бугарско државјанство и добил Уверение од тогашната Државна агенција за Бугарите во странство дека е со бугарско потекло.

Документите за добивање бугарско државјанство: Молба, уверение од поранешната ДАБЧ и декларацијата за бугарско потекло. ФОТО: Actualno.com

Далибор Станковиќ е познат по своите антибугарски позиции и е еден од најредовните автори кој со своите написи се обидува да ја претстави Бугарија како непријател на РС Македонија и го негира постоењето на бугарската заедница во земјата. Во своите материјали Станковиќ црта секогаш речиси една иста слика дека Бугарија е коренот на сите проблеми во регионот, дека Софија е виновна за лошите односи со РСМ и Србија и дека Бугарските барања кон Скопје се шантажа и агресија.

Освен што го негира постоењето на бугарската заедница во РСМ во своите материјали Станковиќ тврди дека освен во РСМ и во Албанија нема Бугари, а во земјата луѓето со бугарска самосвест никогаш не биле репресирани.

Интересно е да се напомене дека во напис објавен на 12 декември 2020 година со наслов „Господа се гледаме во Софија!“, Станковиќ самиот признава дека има бугарски пасош и е граѓанин на Бугарија.

Главниот уредник на порталот Трибуна, во свој напис со наслов „„Прагматизмот“ на Лозанчев и прагматизмот на еден Србин македонист со бугарски пасош“ објавен на 19.07.2022 г. го поздрави токму „прагматичниот“ потег на колегата Станковиќ.