На социјалните мрежи се појави фотографија од Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки-13 направена во КПУ Идризово.
На фотографија Боки е со цимерите од затворот и слават роденден. Боки-13 и во затворот се труди да изгледа стилизирано и средено.
Јовановски, кој неодамна објави цела серија на отворени писма до јавноста, каде обвини за рекет и криминал во највисоките инстанци на власта и владеачката партија, затворската казна ја издржува во КПУ Идризово.
Инаку, Јовановски во предметот „Рекет“ беше осуден на 9,5 годишна казна затвор, а му се суди во уште еден предмет, односно за случајот со Меународниот сојуз во кој се обвинети повеќе лица, меѓу кои и кандидатката за лидер на СДСМ Фросина Ременски.