Даринка Дара Чалениќ, позната по улогата на Дара во филмската серија „Жикина династија“, почина денес на 87-годишна возраст по долго и тешко боледување.

Во оваа прилика, Владимир Петровиќ кој го паметиме како Боба, синот на Дара и Жика од популарната серија, преку својот инстаграм – профил се збогуваше со неговите колеги.

На оваа социјална мрежа тој со трогателни зборови се прости од своите, како што вели, „филмски родители“, Дара Чалениќ и Драгомир Бојаниќ Гидра.

„Заминаа и моите филмски родители. Нека им е вечна слава… “, напиша кратко актерот во објавата со заедничката фотографија од незаменливите Дара и Жика.

Во својата кариера играла над 40 главни улоги на сцената. Учествувала во многу драмски претстави, бројни серии, забавни и детски програми на телевизија. Играше голем број улоги и во филмови како „Кога ќе бидам мртов и бел“, „Госпоѓа министерка“, „Чувар на плажа во зима“, „Пат околу светот“ и други

Таа се пресели во Америка со нејзиниот сопруг Владимир Петриќ, со кого ја основа фондацијата „Дара Чалениќ“.