Карактерот именуван „Илон“ е опишан како лидер на „марсовската колонија“
Елон Маск е повторно во центарот на вниманието, откако корисници на социјалната мрежа Твитер споделија интересна информација: Тој го носи истото име како ликот во книгата стара цели 69 години, а се работи за колонизирање на планетата Марс, пишува Futurism кој наведува дека иако случката е од декември минатата година, сега повторно се актуализира.
„Проект Марс“
Книгата насловена како „Проект Марс“, почна да привлекува интерес уште во декември минатата година, кога корисник на „Твитер“, Тоби Ли, одговори на објава од Маск за неговата судбина.
„Зборувајќи за судбината, дали знаевте дека книгата на Фон Браун, „Проект Марс “од 1953 година се однесува на личност по име Илон што ќе донесе луѓе на Марс? Лудо! “, вели Ли во својот твит, споделувајќи и фотографија од конкретната страница од книгата.
Speaking about destiny, did you know that Von Braun’s 1953 book “Mars Project,” referenced a person named Elon that would bring humans to Mars? Pretty nuts pic.twitter.com/m28yFU4Ip6
— Toby Li (@tobyliiiiiiiiii) December 30, 2020
Илон потоа реплицираше: Дали сме сигурни дека ова е вистина?, а еден твитер-следбеник му одговори дека е вистина, приложувајќи фотографија:
Yeah it’s real. This is the English transcript of the same book … But “Elon” referred by Von Braun in the book isn’t the name of the person but rather the name of the position something like an elected meritocratic president pic.twitter.com/GADiMJHxLp
— Pranay Pathole (@PPathole) December 30, 2020
Иако подоцна беше објаснето дека „Илон“ не е името на ликот, туку титулата што им е дадена на избраните лидери на Марс, сепак, случајноста е неверојатна.
Од нацист до НАСА
Книгата објавена во 1953 година, е напишана од познат нацистички научник, подоцна инженер на НАСА, Вернер фон Браун.
Тој претходно помагал во дизајнирање и развој на ракетата В-2 за нацистичката влада за време на Втората светска војна, според извори на НАСА.
По поразот на Оската, тој бил регрутиран од владата на Соединетите држави за да работи во НАСА. Тој продолжил да го води развојот на носечката ракета Сатурн V, која ги однесе мисиите на Аполо на Месечината.