По добиениот негативен тест на коронавирус, репрезентативецот Енис Барди попладнево се доближи до своите соиграчи во Хотелот Хилтон каде што се сместени, но претходно беше изолиран поради позитивниот тест на коронавирус.
Барди не го сокри задоволството од негативниот тест, па и за блиц-дружби со Хасани и Муслиу. Согласно протоколите и на УЕФА веднаш ќе може да се приклучи и на тренинзите на тимот.
„Добредојде дома Енис Барди“ – напиша претходно и македонскиот селектор Игор Ангеловски.
Барди беше позитивен на Ковид-19 по враќањето во Македонија, но за среќа без сериозни последици.
На нашата репрезентација и остануваат уште неколку дена за подготовка, а потоа патува на Европско првенство.