Утринава багерот почна со работа на кејот на Вардар „13-ти номеври“. Според планот на Град Скопје таму ќе се прави отворен јавен простор за потребите на граѓаните. Ќе има клупи, дрва, жардињери. Досега тој простор го користеа угостителските објекти како летни тераси до самиот кеј на Вардар и беше блокирано шеталиштето.