Доцна синоќа од Аеродромот во Виена кон Скопје полетаа нови 114 специјалисти за шумски пожари, кои треба да ги заменат нивните уморни колеги во нашата држава во борбата против пожарите. Како што објавија на нивната фејсбук страница, на аеродромот во Виена пристигнале колегите кои во изминатите неколку денови учествуваа во борбата со огнената стихија во Македонија, а на нивно место ќе допатуваат нови, свежи 114 пожарникари. Она што е најинтересно голем дел од противпожарниот тим од Австрија се доброволци. Меѓу нив има студенти, но и пензионери кои доаѓаат како поддршка и помош во гаснењето на пожарите.