Пејачот Џастин Тимберлејк упати јавно извинување до поранешната девојка Бритни Спирс, откако беше емитуван документарецот „Framing Britney Spears“, чија првична замисла беше да го осветли движењето #FreeBritney, кое се залага за укинување на старателството кое таткото го има над поп ѕвездата.

Многубројни фанови по документарецот сепак повеќе биле фокусирани на врската на Бритни со Џастин, поради што сите веднаш побараа Тимберлејк да и се извини на Бритни поради начинот на кој ја третирал додека тие биле во врска во 2000-та година, а тоа тој сега и го направи.

Profimedia
Profimedia

Имено, Џастин се огласи на социјалната мрежа Инстаграм каде го упати очекуваното извинување.

„Видов пораки, тагови, коментари и загриженост, и јас сакам да одговрам. Длабоко ми е жал поради времето во мојот живот кога моите постапки придонеле за проблемот, кога сум зборувал како што не треба или не сум зборувал за тоа што е коректно. Разбирам дека сум потфрлил во тие моменти но и во многу други и имав корист од системот кој подржува мизогинија и расизам“, започна Џастин.

„Посебно сакам да и се извинам на Бритни Спирс и на Џенет Џексон, и на двете посебно, затоа што се грижам за тие жени и ги почитувам и знам дека потфрлив“, напиша Тимберлејк и додаде:

„Оваа индустрија е полна со мани. Ги поставува мажите, особено белите мажи, во позиција да успеат. Дизајнирана е на тој начин. Како маж во привилегирана позиција, морам да зборувам за тоа. Поради моето игнорирање, не го препознав сето тоа во моментот кога се случувало во мојот живот, но јас не сакам никогаш повеќе да просперирам поради другите кои се повлечени надолу“, наведе популарниот пејач и заклучи:

„Многу ми е важна добрата состојба на луѓето кои ги сакам и кои сум ги сакал. Морам да бидам подобар и ќе бидам подобар“.

Instagram
Instagram

Да се потсетиме, покрај тоа што Џастин беше во врска со поп ѕвездата, пејачот ја обвини Бритни ја раскинувањето, по кое дискрено во јавноста ја декларираше како прељубничка.

Имено, Џастин Тимберлејк по тоа раскинување всушност стана ѕвезда, бидејќи во 2002 година го исфрли хитот „Cry Me a River”, пенсата за која сите заклучија дека зборува за тоа како Бритни го измамила, бидејќи и девојката која глуми во спотот многу потсетува на познатата пејачка.