Џастин Бибер ги изненади своите 179 милиони следбеници кога на авојот инстаграм – профил објави фотографија како позира со францускиот претседател, Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит Макрон. Џастин и Хејли се облечени во свечена облека на средбата со Макрон која се одвивала во канцеларијата на претседателот во Елисејската палата на 21 јуни.
Средбата на Бибер со францускиот претседател се случила за време на неговата неодамнешна посета на Париз и исто така се совпаднала со светскиот „Ден на музиката“, пренесува „DailyMail“.
Додека обожавателите се надевале дека Бибер ќе објасни повеќе за неговиот состанок со Макрон во описот на фотографијата споделена на неговиот инстаграм – профил, пејачот одлучил да ги остави во неизвесност.
За оваа прилика, Бибер е совршено стилизиран во темно сив костум со бело – сини патики и голем накит околу вратот, додека Хејли носи прекрасен беж фустан со гол грб, додека Брижит е шик во бел фустан, а претседателот Макрон позира во сив костум со вратоврска.
Француските медиуми, кои исто така биле изненадени од средбата сугерираат дека канадскиот пејач побарал да се сретне со францускиот претседател и нивниот разговор вклучувал дискусија за „прашања поврзани со младите“.