Музичката ѕвезда Џастин Бибер ужива во хармоничен брак кој трае повеќе од една година со манекенката Хејли Бибер, која е вистинска убавица.
Иако живееме во време на социјални мрежи полни со слики од млади девојки кои користат многу шминка, па дури и посегнуваат кон интервенции за промена на нивниот изглед, спротивно на сето ова, сопругата на Бибер пропагира дека нема ништо поубаво од природната убавина.
Џастин е свесен за убавината на неговата сопруга Хејли, а овој пат тој сакаше да го сподели и со своите фанови.
Пејачот објави фотографија од неговата сопруга на која одблизу се гледа како изгледа Хејли без трошка шминка на нејзиното лице.
„Таа има кожа како бебе“, „Прекрасна е“, „На убава девојка не и треба шминка“, беа само дел од бројните коментари на фановите на парот.