Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли речиси секојдневно објавуваат заеднички фотографии и зборуваат за својата љубов, но нивната најнова, новогодишна фотографија, го собори рекордот за лајкови.
На новогодишната ноќ среќниот пар, нормално, бил заедно, а иако не заминале на гламурозен дочек, нивниот изглед бил токму таков – гламурозен.
„Прекрасна си“, „Господе, колку си згодна“, „Ти си пред се прекрасна личност, а изгледаш неверојатно“, се само некои од коментарите на воодушевените фанови.
Фотографијата за краток период собра повеќе од три милиони лајкови…