Ивана Легин ја отпеа познатата песна „Чаје шукарије“, со една од најголемите sвезди на Југославија, Здравко Чолиќ, уште кога беше девојче, а потоа целосно се повлече од јавноста.
Ивана уште како девојче играше во босанскиот филм „Кудуз“, а потоа дипломираше на Академијата за филм и уметност.
Имено, иако поминаа три децении од создавањето на оваа песна, девојчето Ивана од спотот повеќе никогаш не се појави во медиумите, пишува српски „Блиц“.
Posted by Ivana Legin on Wednesday, January 1, 2020
Во моментот, Ивана живее и работи во Австралија и се занимава со режија, продукција и маркетинг.
Иако нејзината кариера, уште како девојче која цела Југославија и денес ја памети, тргнала по нагорна линија, сè било прекинато со војната. Ивана остварила неколку улоги во Австралија, но, како што открила, тие биле од аматерски тип.
По избувнувањето на војната, Ивана го искусила бегалскиот живот кој и денес оставил лузни на нејзината душа.
– Бегалството одеше преку Белград, Загреб, Русија па дури потоа до Австралија. Како и сите други кои талкаа низ светот обидувајќи се да го најдат своето катче на мир и безбедност, беше немирно, несредено и нестабилно. Само што се навикнавме на едно училиште и начин на живот, се најдовме во друга средина со нов јазик и култура. Не беше лесно, но ваквите искуства дефинитивно зајакнуваат. Мали лузни секогаш ќе бидат присутни, понекогаш тие ќе чешаат или ќе се воспалат, обично кога тоа најмалку очекуваме. Меѓутоа, јас на тоа гледам на тоа како на проживеан живот, и кога ќе ме чеша таа лузна, само ме потсетува дека на 33 години преживеав нешто што многумина не го преживеале ниту на 90 години – изјавила Ивана во едно интервју.
Пред повеќе од една деценија, Здравко Чолиќ настапил во Мелбурн и по тој повод, по долго време, се сретнал со некогаш црвенокосото девојче.
Devika Bilimoria Photography
Posted by Ivana Legin on Thursday, March 14, 2013