Арнолд Шварценегер (74) бил учесник во тешка сообраќајна несреќа, при што неговиот џип завршил врз друг автомобил, а жената која била зад воланот на друг автомобил е тешко повредена.
-Изгледаше како сцена од филм. Судирот беше доволно силен што воздушните перничиња се активираа, изјави очевидец.
Еден од очевидците вели дека актерот свртел лево во спротивна насока кога дошло до судирот. Полициски извори велат дека сметаат дека за несреќата е виновен Арнолд. Тие велат дека свртел лево, но семафорот за условно вртење сè уште била црвена.
-Повредена е жената која го возела црвениот автомобил. Силно крвари од главата. Ни кажаа дека Брзата помош ја однела во болница“, велат луѓето кои се нашле на местото на несреќата.
Арнолд е добро и длабоко загрижен за повредената жена и вели дека сака лично да провери како се чувствува. Шварценегер пет минути пред несреќата бил на вечера со синот Патрик (28).