Аријана Гранде конечно на својот Инстаграм профил објави фотографии од интимната венчавка одржана минатата сабота во нејзиниот прекрасен дом.
Пејачката се омажи со агентот кој се занимава со продажба на недвижнини, Далтон Гомез. Таа на својот официјален профил објави повеќе фотографии од интимната церемонија.
Аријана за венчавката носела величествена венчаница од Вера Ванг, која била скроена по нејзина мерка. Носела и традиционален бел вел, прекриен со модерна сатенска машна.
Фотографиите кои особено предизвикаа внимание и ги воодушевија фановите се оние на кои пејачката е во прегратка на сопругот Далтон.
„5.15.2021“, напиша Ариана во описот на фотографиите кои ги објави.
Да се потсетиме, свадбата беше мала и интимна, а на неа присуствувале само 20 најблиски лица, што значи само потесното семејство.
Ариана и Далтон врската ја започнаа на почетокот на 2020 година, а Далтон ја запроси во декември истата година.
Таа го престави своето ново момче Далтон Гомез во спотот кој го направи со Џастин Бибер за нивниот дует „Stuck with U“, кој го снимија за време на карантинот.