Добро стилизираната жена би требало за изгледа вака, велат модните експерти…
Монохроматскиот стил е многу популарен, а тој подразбира целиот стајлинг да биде во една боја.
Вака стилизираната жена изгледа префинето и скапоцено, а доказ за тоа е и Аманда Холден, англиската актерка и ТВ презентер.
Таа прошета на улиците низ Лондон, а сите погледи беа вперени во неа, и тоа со добра причина. Овој пат таа избра одлични парчиња облека.

Сукњата со висок струк направи нејзината фигура визуелно да изгледа како песочен часовник, а салонките и капутот му дадоа на стајлингот префинета нота. Сето тоа во бела боја, која еднакво добро им стои на русокосите, на бринетите и на црнките. Оваа модна комбинација, без дилема, заслужи чиста десетка од модните експерти.

Доколку се решите да го ископирате овој стајлинг, комплиментите сигурно нема да изостанат.