Нашата позната пејачка, Антониа Гиговска, ќе биде овогодинешниот претставник на нашата земја на Интернационалниот музички фестивал „Славјански Базар“ во Белорусија кој ќе се одржи од 14 до 19 јули годинава во градот Витебск.
На социјалните мрежи Гиговска ја сподели убавата вест со нејзините бројни фанови:
„И конечно можам да споделам со вас дека ќе ја претставувам Македонија на „Славијански Базар“, 2021 година“, стои во објавата на Антониа.
Славјански базар е еден од најреномираните фестивали, на кој скоро секоја година настапуваат и пејачи од Македонија. Во 2000 година на овој фестивал Гран-при наградата ја освои Тоше Проески со песната „Тајно Моја“, на Кире Костов и Огнен Неделковски.