Поранешната тенисерка Ана Ивановиќ на својот инстаграм -профил објави фотографија на која позира со нејзината мајка Драгана.
Имено, Ана вчера го честиташе Денот на мајката објавувајќи фотографија со нејзината мајка од која очигледно ја наследила убавината, како што заклучија нејзините обожаватели.
„Среќен ден на мајката, на мојот најдобар пример, најдобара пријателка и „партнер во криминал“. Настојувам да бидам како тебе еден ден. Ти благодарам за сè, многу ве сакам“, напиша Ана во описот на фотографијата на која позира заедно со нејзината мајка.
„Од мајка ми ја наследив убавината“, „Елегантни, дами“, „Како близначки“, беа само дел од бројните коментари.