Ана Ивановиќ и нејзиниот сопруг Бастијан Швајнштајгер испратија божиќна честитка и со фотографија покажаа како го слават Божиќ во нивниот дом.
Поранешната тенисерка и поранешниот фудбалер се фотографирааа со голема празнична погача, а Ана им посака на сите на социјалните мрежи да го поминат најголемиот христијански празник во мир.
„Мир Божји, Христос се роди. Среќен Божиќ на сите што го слават во јануари “, напиша Ивановиќ.