Пејачката и тв водителка на музиката емисија „Стисни Плеј“, Јана Бурческа, оваа година стана мајка по втор пат и ужива во мајчинството најдобро што може.
Иако, можеби музичката кариера е ставена на „пауза“ и сега почесто е присутна на малите екрани во улога на водителка, сепак, македонската јавност ја памети Јана и како врвен музичар.

Таа беше наша претставничка на Евровизија која воедно нејзиниот партнер ја запроси пред милионите гледачи на Евровизиското шоу.
Јана е мајка на две деца, Дона и Дарин. Таа не е многу активна на социјалните мрежи, но сепак, одвреме навреме, споделува моменти од приватниот живот кои никогаш не поминуваат незабележани.

Така беше и овојпат, кога Јана деновиве сподели фотографија од прошетка на Козјак со своите најмили.